Бујар Османи објави што сработил на првиот ден како министер за надворешни работи
Бујар Османи објави дека во својот прв ден како нов министер за надворешпни работи прво остварил телефоински контакт со Филип Рикер, помошник-државен секретар на САД за Европа и Евроазија, кој воедно е и поранешен амбасадор на својата земја во Скопје.
„Продлабочување на стратешкото партнерство меѓу Република Северна Македонија и САД - еден од клучните надворешно-политички приоритети. На првиот ден од работата како министер за надворешни работи, остварив официјален телефонски разговор со помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД Филип Рикер, и по тој повод ја потврдив нашата дефиниција преку која САД можат да се потпрат на нашата земја како пријател и искрен сојузник во регионот“, објави Османи.
Тој на позицијата шеф на македонската дипломатија доаѓа на местото на Никола Димитров, кој пак ја превзема неговата функција како вицепремиер за евроинтеграции.
