Бујар Османи не одговори како ќе му гарантира „неиспорачување“ на Морина
Откако за ТВ21 рече дека му гарантира неиспорачување во Србија на поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина, иако Кривичниот суд не му дозволил да се сретне со него, Бујар Османи, вицепремиерот за економски прашања, за 24Вести рече дека „Република Северна Македонија треба да продолжи да послужи како пример, медијатор и пооддржувач на регионалното помирување“.
- Ваквите случувања го поткопуваат имиџот и регионалното значење на државата. Оттука државата под итно да ја следи политиката на ЕУ кон ова прашање, но и системски да го реши за да никогаш не се повтори. Нема никаква основа за екстадиција, и кога би имало треба во Косово да се екстрадира, а не во Србија, вели Османи.
Морина мината недела беше уапсен во земјава по потерница на Интерпол, а Србија чека негова екстрадиција. Кривичниот суд утре треба да донесе одлука.
