Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бујар Османи не дочека крај на натпревар во Чаир поради инцидент

Бујар Османи не дочека крај на натпревар во Чаир поради инцидент

Претседателскиот кандидат Бујар Османи синоќа со своите син и ќерка отиде да проследи кошаркарски натпревар во Чаир помеѓу истоимената екипа и трофејниот МЗТ Скопје, но не го дочека неговиот крај поради инцидент.

МЗТ Скопје поднесе официјална жалба  откако екипата на актуелниот шампион на Македонија беше нападната на паузата меѓу двете полувремиња на синоќешниот дуел, додека од трибините мечот го следеше министерот за надворешни работи.


„Металците“ одбија да го доиграат мечот стравувајќи за сопствената сигурност, а во официјалната жалба е наведено и дека физички нападнат бил еден од помошните тренери и дека во соблекувалната им упаднале непознати лица и претставници од клубот.

Од Чаир го демантираа инцидентот, додавајќи дека е измислен од гостинската екипа и дека не постојат докази.


Слично

Поврзани вести