Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУЈАР ОСМАНИ: Победа на ДУИ во првиот круг во Липково, Сарај и Пласница, а тоа го очекувам и за Чаир

БУЈАР ОСМАНИ: Победа на ДУИ во првиот круг во Липково, Сарај и Пласница, а тоа го очекувам и за Чаир

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи прогласи победа уште во првиот круг на ДУИ во Липково, Пласница и Сарај, а тоа го очекува и за Чаир.

Уште од сега можам да највам победа на ДУИ уште во првиот круг во Сарај, Липково и Пласница, а ДУИ е во предност во речиси сите општини каде што има свој кандидат, изјави на вечерашнава пресконференција портпаролот на партијата Бујар Османи. 

„Така што, можам да кажам дека целиот овој дел од Република Северна Македонија вечерва веќе е позеленет“, рече Османи. 

„Според првичните резултати кои што ги добивме, ДУИ е во предност во речиси сите општини каде учествува на изборите. Првичните информации кои ги добивам од Чаир кои не ми се уште потврдени е дека односот е два за ДУИ, еден за сите други опоненти, со голема можност за победа во првиот круг, но не можам тоа да го потврдам, рече Османи. 

Слично

Поврзани вести