Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бујар Османи му се заблагодари на Ахмети за законот за албанскиот јазик

Бујар Османи му се заблагодари на Ахмети за законот за албанскиот јазик

Прв кој се пофали дека новиот закон за употреба на јазиците со кој значително треба да подобри рамноправноста на албанскиот како втор службен јазик беше вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. 

Тој уште за време на вчерашната владина седница објави на Фејсбук дека ќе биде излгасан предлогот за ново законско решение за примена на јазиците и притоа му се заблагодари за заложбите на Али Ахмети, лидерот на ДУИ.

Османи исто така потенцираше дека законот ќе биде со европско знаменце што значи дека ќе биде носен во брза постапка во Собранието на Република Македонија, а предлогот се очекува да биде доставен уште денеска.

Ваквата владина одлука наиде на критики на опозицијата која обвинува дека ова е вовед во двојазична Македонија со втор службен албански јазик. 

прашања од спроведувањето на Охридскиот рамковен договор.

И покрај несогласувањата на релација СДСМ - ДУИ, решението ќе биде пуштено цело на венецијанската комисија, Владата се обврзала да ги почитува нејзините препораки.Нешто што Владата го предвиде и во планот 3-6-9.

ДУИ до последно тврдеше дека во законот ќе има одредба и за двојазични банкноти и амблеми на униформите на војската и полицијата, нешто за кое премиерот Заев уште како лидер на опозиција се изјасни дека е противуставно


Слично

Поврзани вести