Бујар Османи му реплицирал на Ивица Дачиќ на панел во Анталија
Министерот за надворешни работи Бујар Османи му одговори на српскиот министер Ивица Дачиќ додека дебатираа на Дипломатскиот форум во Анталија, на панелот насловен „Предизвици и можности на Балканот“, објави синоќа албанскиот „Топчанел“
Османи ја истакна важноста од поддршката на Украина и со тоа да се задржи стратешката визија на Западен Балкан. Според шефот на македонската дипломатија, Русија ќе го дестабилизира регионот ако победи во Украина.
„Да повторам, накратко. Не знам зошто министерот Дачиќ мисли дека мора да одговори на моите тврдења дека Русија има империјалистички амбиции, а Украина е само почеток. Од суштинско значење е да продолжиме да ја поддржуваме Украина да победи во оваа праведна војна, но и да ја задржиме нашата стратешка јасност на Балканот, особено во Северна Македонија како мултиетничка земја, сега кога имаме избори. Така и двата од овие два момента се суштински за одржување на стратешката јасност на Западен Балкан: поддршка на Украина да победи во оваа праведна војна. Бидејќи, како што реков, Украина е само првата станица, а Западен Балкан ќе биде следната станица. Потоа, во однос на територијалниот интегритет, не е мое да коментирам, но мислам дека е важно да се погледнат релевантните одлуки на меѓународниот суд на правдата, во однос на територијалниот интегритет“, рече Османи.
