Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албанците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албанците

Претседателскиот кандидат Бујар Османи на денешната прес-конференција му порача на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дека тој не одлучува кој ќе биде претставник на Албанците во идната влада. 

- Не одлучува Мицкоски кој ќе биде претставник на Албанците.За тоа ќе одлучи народот, порача министерот за надворешни работи и додаде дека не треба да се зборува за коалиции на девет дена пред избори, туку треба прво да се слушне волјата на народот 

Османи ја спореди најавата на Мицкоски дека по парламентарните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира со „Вреди“ како времето кога „југословенски Белград сам одбрал Рахман Морина да биде претставник на Албанците од Косово“.

Тој додаде дека сеуште не е одлучено дали ќе ги препорача своите гласови освоени од првиот претседателски круг на 8 мај.

- Јас бев кандидат на „Европскиот фронт“ и ваквата одлука ќе ја донесеме со „Европскиотфронт“ во следните денови.  Таа одлука треба да ја донесеме заеднички и ќе ја донесеме деновиве,рече Османи.

Слично

Поврзани вести