Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бујар Османи: Македонските државјани се вратија „по анализата“ од косовската полиција

Бујар Османи: Македонските државјани се вратија „по анализата“ од косовската полиција

Седумте македонски државјани, од кои едно дете, кои беа сместени во хотел во непосредна близина на манастирот во Звечан каде што вчера беше извршен вооружен напад врз косовските полициски сили, се вратени во Македонија, информира министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Според министерот, било потребно време за туристите да бидат вратени, затоа што „биле анализирани“ од косовската полиција, откако се нашле во непосредна близина на местото на конфликтот.
„По извршените вообичаеното интервју и анализа од страна на полицијата на Република Косово, утрово нашите државјани безбедно се упатени кон дома, придружувани од косовската полиција. Околностите во кои тие се најдоа беа сложени, имајќи предвид дека беа сместени во хотел, во непосредна близина од каде се случи вооружениот напад врз полицијата.

Во текот на вчерашниот ден косовската полиција беше веднаш соодветно известена за оваа ситуација по редовните канали, а јас лично разговарав и со мојата колешка Доника Гервала – Шварц. Низ целиот процес, косовските служби ја гарантираа безбедноста на нашите државјани, а нашата амбасада во Приштина беше во постојан контакт со нив“, напиша Османи на социјалните мрежи.


Слично

Поврзани вести