Бујар Османи: Лавров беше во хотел „Хилтон“, не во „Русија“
Министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата „Стадион“ на Канал 77 откри дека за време на Самитот на ОБСЕ во Скопје, шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, престојувал во хотелот „Хилтон“.
- Имавме една идеја сите министри за надворешни работи да ги сместиме во хотелот „Александар Палас“, но таму имаше место само за нив а тие сакаа да бидат заедно со своите делегации. Така на пример Лавров беше во „Хилтон“, рече денеска тогашниот претседавач на ОБСЕ.
Тој додаде дека можеби имало гласини дека Лавров ќе преноќи во хотелот „Русија“, но дека од денешен аспект може да ја каже таа информација дека бил во „Хилтон“.
Според Османи, најмногу од делегациите престојувале во хотелите „Парк“, Мериот“ и „Александар Палас“.
Министерот рече дека Македонија го платила само сместувањето на 76-те министри за надворешни работи, додека илјадитните делегации си платиле сами за престојот.
