Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бујар Османи ќе ја бодри Македонија на Олд Трафорд

Бујар Османи ќе ја бодри Македонија на Олд Трафорд

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва од 20.45 часот ќе ја бодри македонската фудбалска репрезентација против големиот фаворит - англиската селекција во квалификациски натпревар за Европско првенство што ќе се одигра на стадионот „Олд Трафорд“ во Манчестер.

Османи е во работна посета на Обединето Кралство на покана на државниот секретар на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Џејмс Клеверли.

„Со воз за Манчестер во поддршка на репрезентација на Македонија“, напиша Османи на Фејсбук.

Слично

Поврзани вести