Бујар Османи го осуди однесувањето на израелски функционер: Тоа што го прави Бен Гвир е неприфатливо
Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи упати критики за министерот за внатрешни работи на Израел, Бен Гвир, и третманот што го добија уапсените активисти на хуманитарната флота за помош на Газа.
„Најостро го осудувам неприфатливото и нечовечно однесување на израелскиот министер за внатрешни работи Бен Гвир кон активистите на хуманитарната флота за Газа. Таквото однесување не претставува демократски вредности, туку ароганција, радикализам и недостаток на почит кон човечкото достоинство“, напиша Османи на социјалните мрежи.
Наедно ја повика и македонската влада да го стори истото.
„Исто така, го осудувам и молкот на Владата на Северна Македонија пред вакви постапки. Овие луѓе немаат ниту став, ниту минимум човечка чувствителност да проговорат кога треба да се зборува“, додаде тој..
Слично
