Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бујар Османи го осуди нападот на болницата и училиштето во Газа

Бујар Османи го осуди нападот на болницата и училиштето во Газа

Министерот за надворешни работи Бујар Османи го осуди израелскиот напад на болницата Ал Ахли Араби во Газа, како и погоденото училиште во бегалскиот камп Ал-Магази во Појасот Газа
Според последното соопштение, во експлозијата загинале најмалку 500 лица, додека портпаролот на цивилната одбрана во Газа вели дека загинале околу 300 луѓе. Во училиштето, според последните информации, загинати се шест луѓе.
„Нападот врз болница и училиште во Газа со стотици цивилни жртви е нехуман чин на терор за кој нема оправдување.

Почитување на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да бидат целосно заштитени по секоја цена.

Сторителите на овој чин мора да бидат јасно идентификувани и да одговараат“, порача Османи.


Слично

Поврзани вести