Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бујар Османи ги презема евроинтеграциите од Адеми

Бујар Османи ги презема евроинтеграциите од Адеми

Бујар Османи и официјално може да започне да се грижи за евроинтеграциите на Република Македонија откако денеска во Секретаријатот за европски прашања денеска беше извршено примопредавање на функцијата со неговиот претходник Арбер Адеми. 

Бујар Османи ќе биде вицепремиер во Владата на Република Македонија за европски прашања.

Адеми, како што информираат од СЕП, на примопредавањето го информираше Османи за делокругот на работа како и за проектите и активностите на Секретаријатот, и истовремено му посака успех во продолжувањето на патот кон европските интеграции на земјата.

Османи ја истакна важноста на реализирањето на стратешките цели во оваа област и особено постигнувањето на понатамошни успеси за зближување на земјата кон европското семејство.

Слично

Поврзани вести