Бујар Османи: Двајца функционери на ДУИ направија историска хируршка операција
Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги претстави Илир Хасани и Неџати Јакупи како успешни функционери на ДУИ по историската хируршка операција на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија
„За прв пат во Република Северна Македонија пристапуваме кон торакалниот 'рбет на минимално инвазивен начин со торакоскоп. Заедно со Неџати Јакупин од Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, отвораме нова страница во историјата на хирургијата на 'рбетот во нашата земја!“, објави Хасани.
Јакупи е директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и поранешен пратеник, додека Хасани е поранешен заменик-министер за здравство во ковид-периодот. На фотографијата е и Шазивари Керими.
Слично
