Бујар Османи: ДУИ е за една изборна единица со изборен праг од 5 проценти
Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, во „Тема на денот“ на ТВ Сител рече дека неговата партија се обидела да биде конструктивна и да се дојде до заеднички консензус за промена на Изборниот законик и воведување една изборна единица, но дека до таа можност не дошло и овој пат.
- Ние бевме конструктивнио во процесот, знаете дека ние излеговме, се усогласивме со повеќето прашања кои што беа на маса, меѓутоа другите политички партии очигледно не се договорија. Ние бевме повеќе за консензусот, за ЕУ и за препораките на ОБСЕ итн. Нашиот став беше јасен - прифаќаме и една изборна единица ако прагот е 5 проценти, со отворени листи, рече Османи.
Тој дополнително рече дека прагот една политичка партија да има барем 5 проценти од изборните гласови за да влезе во парламентот е потребен за потоа да нема „купување на пратеници“, а исто така и дека ДУИ го поддржува гласањето на дијаспората.
- И тоа го прифативме, затоа што сметаме дека нашата дијаспора и подинамично поврзана со државата, иако оваа влада се што направи е против дијаспората, рече поранешниот министер за надворешни работи.
