Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бујар Османи до Заев: Користите реторика од времето на Груевски

Бујар Османи до Заев: Користите реторика од времето на Груевски

Сериони обвинувања кон лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев упати еден од врвните луѓе во партијата ДУИ, досегашен нивни коалиционен партнер, со кој во последниов период како да се расипа „калимерата“.

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, во вечерашната емисија „200“ на Алсат, рече дека меѓу клучните забелешки што ги имаат кон СДСМ е реториката што се практикува во последниов период.

„Поранешниот премиер и сегашен претседател на СДСМ, Зоран Заев, бара од гласачите 61 пратеник за да не го уценувала ДУИ. Тоа е помината реторика од времето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кога велеа дадете ни 61 пратеник за да не не уценуваат Албанците“, рече Османи.

Слично

Поврзани вести