Бујар Османи денеска во Турција како претседавач на ОБСЕ
Бујар Османи денеска како претседавач на ОБСЕ ќе оствари посета на Турција по разорниот земјотрес што ја погоди земјата.
Министерот за надворешни работи ќе биде во заедничка посета со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид
Предвидено е Османи да оствари работна средба со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.
Посетата се одвива во време на тешка состојба во Турција, по серијата разорни земјотреси во кои животот го загубија десетици илјади луѓе, стотици илјади се повредени, а во погодените подрачја целосно е уништена инфраструктурата што доведува до дополнителни потешкотии за достава на хуманитарна помош, храна и вода за преживеаните.
Посетата, како што соопштува ОБСЕ, е во насока на поддршка на напорите за зголемување хуманитарната помош од земјите учеснички и фондовите на организацијата кои се за оваа намена.
