Бујар Османи денеска го вклучи алармот: Дворовите на амбасадите преполни за нови пасоши
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска „го вклучи алармот“ - во дворовите на дипломатско-конзуларните претставништва во секој момент имало толпи од по 300 нашинци кои живеат и работат во странство за да извадат нови пасоши пред истекот на рокот од 12 февруари и да можат непречено да се вратат дома.
Шефот на македонската дипломатија објави дека е донесена одлука во амбасадите и конзулатите да се работи во две смени, а исто така и сабота и недела. Османи порача дека се испратени дополнителен број на дипломати за да помогнат, како и две мобилни базни станици.
„За оние кое се затекнати надвор, компетенциите се на МНР и да пратам сакам порака до граѓаните од дијаспората - вчера имав еден долг онлајн состанок со конзуларните и дипломатските претставништва за да ги разгледаме предизвиците
Според борјот и волуменот на барања за обновување на пасоши, тоа што забележувам е дека има една паника меѓу нашите граѓани дека може да ги загубат работните места, дозволите за привремен престој и има наплив во трите ДКП-а во Берлин, Бон и Минхен, во Берн, Рим и Венеција,Љубљана, Њујорк , Чикаго. Сакам да им дадам порака дека нема простор за паника.
Ако немаат нови пасоши, ќе може да се вратат со патни листови од ДКП-ата. Се организираме со дипломати за испомош каде има поголем број на барања. Во Германија и Италија однесовме две мобилни базни станици на помош, а во грдовите каде немаме ДКП-а планираме календар на конзуларни работи и таму ќе може да се поднесат апликации за пасоши“, рече Османи.
Тој додаде дека се планирани и пунктови за помош на меѓународните аеродроми, а информираше и дека најмногу работа имало во Бон, каде што имало 8.300 апликации за нови пасоши, а се изработиле досега 6.000. Им порача на нашинците што деновиве ќе се вратат дома да не се надеваат дека за брзо време же ја обноват патната исправа.
„Во Берн , Берлин, Минхен, Венеција, Виена, Рим,Љубљана итн, има постојано по 300 граѓани во дворовите на амбасадите. Тие што планираат да се вратат да вадат пасош, треба да знаат дека треба да имаат редовен термин за тоа., а за итна постапка роковите се одложени поради многу барања, па да не испадне дека треба да чекаат долго време тука“, кажа Османи.
Тој порача дека странските држави на границите најверојатно же ги признаат старите пасоши,. но дека не може да даде гаранција за тоа како министер за надворешни работи..
„Станува збор за билатерален договор со Грција, но не сакам да се засноваме на тоа, треба да се однесуваме како тоа да не е можно. Немаме обврска на државите да им кажеме дека тие пасоши се неважечи и тие држави конкретно сами ќе си одлучат дали на граница или на аеродром ќе ги признаат старите пасоши“,порача Османи.
