Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бујар Османи: Денес Скопје е најмоќниот град на светот

Бујар Османи: Денес Скопје е најмоќниот град на светот

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи на својот профил на Фејснук по повод посетата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и на Евроатлантскиот совет напиша дека „Скопје денес е најмоќниот град на светот“

- Денес Скопје се преттвори во Брисел, не само по дождливото време туку поради фактот што 30 земји ( со се нас) на најсилниот сојуз во светот ја одржаа својата редовна седница токму овде.
Денес Скопје е најмоќниот град на светот!, гласеше коментарот на Османи.

Во рамките на својата агенда, генералниот секретар на НАТО Столтенберг и амбасадорите на Северноатлантскиот Совет синоќа пристигнаа во Скопје, а денеска е официјалниот дел од посетата и средби во Владата.


Слично

Поврзани вести