Бујар Османи даваше прва помош на улица
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир и поранешен министер за надворешни работи, Бујар Османи, во текот на вчерашниот ден се нашол на лице место по сообраќајна несреќа во Скопје и му помогнал на повреден велосипедист кој бил удрен од автомобил.
Инцидентот се случил во попладневните часови, во близина или поточно на раскрсницата кај Мавровка во Скопје. Османи веднаш пријде да му помогне на велосипедистот и се погрижи за него додека пристигне медицинска помош.
Слично
