Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бујар Османи: Да се одблокира Собранието, за да ја продолжиме важноста на пасошите

Бујар Османи: Да се одблокира Собранието, за да ја продолжиме важноста на пасошите

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, побара во екот на здравствено-економската криза во земјата да се одблокира работата на Собранието за да може законски да им биде продолжен рокот на важноста на пасошот на нашинците во странство, на кои во меѓувреме им истекол а тие останале заглавени таму поради рестрикциите.

- Тоа е една од причините зошто треба да се одблокира Собранието. Го чекаме МВР со својата законска иницијатива. Треба да ја достави во Собранието, но најпрво тоа треба да се одблокира, рече Османи на денешната прес-конференција.

За да им се излезе во пресрет на нашите државјани во странство чии пасоши се истечени или нивната важност истекува годинава, ќе бидат извршени законски измени со што важноста на овие патни документи ќе биде продолжена да крајот на годината.

Иницијативата да се продложи рокот на важноста на пасошите до крајот на годината, со измена на Законот, за да може граѓаните да ги искористат сегашните пасоши со изминат рок, постои од почетокот на месецов.



Слично

Поврзани вести