Бујар Османи: Да не се викаше клубот „Иван Михајлов“ и ние ќе бевме таму
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите рече дека претставници на македонската Влада не присуствувале на отворањето на клубот „Иван Михајлов“ во рамки на Културниот центар во Битола поради спорното име.
- Ние немаме ништо против отворањето на бугарскиот клуб во Битола. Спорно беше името на клубот, кое се сфаќа како провокација. Да не беше такво името, тогаш и ние ќе бевме дел од отворањето на клубот, признава шефот на македонската дипломатија.
Името за Османи е „несреќен избор“ кој е перцепиран од македонските граѓани во негативен контекст.
- Мислам дека беше несреќен избор на име. Бугарската заедница треба да си се произнесе зошто такви ликови им се важни. Името на клубот е провокација, не самото отворање на клубот, изјави Османи.
