Бујар Османи: Чекаме европска донација во респиратори кои се во Турција и Кина
Вицепремиерот Бујар Османи денеска соопшти дека преку Секретаријатот за европски прашања се очекува донација од вкупно 55 респиратори во борбата против епидемијата.
- Обезбедени се 25 респираторни машини како донација од норвешката амбасада. Тие се во депо во Турција и разговараме за деталите како да се транспортираат до Скопје заради отежнатиот земски транспорт, рече вицепремиерот за евроинтеграции.
Тој додаде дека се обезбедени уште 30 респиратори треба да пристигнат од Кина а се купуваат со средства од ЕУ со првите 4 милиони евра кои Брисел ги обезбеди како помош и во моментов се разговара како да се транспортираат.
- 100 земји бараат респиратори од Кина, Ги нема на лагер, се произведуваат тековно. Како тие ќе излезат од производство, така ќе се транспортираат, наведе Османи.
Тој информираше дека ЕУ го одобрила барањето на македонските власти 50-те милиони евра како наградата за остварените планови да се пренасочат за олсенување на социо-економските ефекти од пандемијата.
- Еврокомесарот не информираше дека ќе не вклучи во пошироките механизми на Европскиот солидарен фонд создаден во 2012. Среќна е околноста што добивме одлука за преговори со ЕУ и сега имамеме пристап кон овој европски солидарен фонд. Европскиот совет треба да донесе одлука за нас денес или утре, информира Османи.
Тој тврди дека реакцијата на ЕУ е навремена и тоа се првични активности за поддршка.
