Бујар Османи брои попишани и испишува историја
Бујхар Османи денеска во Брисел ќе биде првиот шеф на македонската дипломатија што учествувал на Советот на министри за надворешни работи на НАТО со физичко присуство.
Истовремено, Османи вели дека посетата на Брисел ќе ја искористи за лобирање, односно за зголемување на бројот на попишани во дијаспората.
Тој претпладнево објави дека бројот на попишани ја надминала бројката од 100.000. Тој вели дека тргнува рано, за да го искористи денот да се сретне со наши граѓани и здруженија.
- Пва е една историска посета, бидејќи за прв пат Македонија учествува на еден Совет на министри за надворешни работи на НАТО со физичко присуство, објави османи.
Слично
