Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бујар Османи: Албанците гласаа во максимален број

Бујар Османи: Албанците гласаа во максимален број

Бујар Османини, вицепремиерот на македонската влада, денеска на заедничлка прес-конференција со министрите Радмила Шекеринска и Никола Димитров истакна дека не треба да се обвинуваат Албанците затоа што не излегле во доволно голем број колку што се очекувал на вчерашниот референдум за прифаќање на Спогодбата од Преспа.

- Албанците излегоа во поголем број од колку на локалните избори во ноември 2017-та, според мои пресметки. Тие излегоа во максимален број колку што им дозволува политичката ситуација. Ние заедно одиме во ЕУ и НАТО и на овој референдум сите сме граѓани на Македонија, а не етнички поделени - рече Османи.

Слично

Поврзани вести