Бухова: Во градинките и училиштата само импортирани инфекции до сега
Ирина Сотирова Бухова, директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање рече дека до сега не е забележано пренесување на коронавирусот во градинките и училиштата откако се отворени.
- Во последните два месеци повеќе од 1.000 вонредни надзори, а тука спаѓаат градинки и училишта. До овој момент нема регистрирано пренесување на САРС-КоВ-2 внатре во градинките и училиштата. Тоа се претежно импортирани инфекции од надвор, рече Бухова.
Од 2 до 8 ноември инспекторатот издал 11.523 решенија за самоизолација и домашно лекување на лица кои што се заболени и на лица кои биле во контакт со заболени од коронавирусот.
Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Грашкоска, рече дека се забележани многу помалку непочитувања на здравствените протоколи минатата недела со измените на законот со кој се зголемија овластувањата на инспекториите и со кој се додадоа порестриктивни мерки
Затворен бил само еден угостителски објект во Куманово во овој период од Државниот пазарен инспекторат, а биле поднесени две кривични пријави за случаи во Струга и Прилеп.
