Бухова ќе биде сменета, се бара стручен кадар
Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата рече дека сепак ќе биде разрешена досегашната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, д-р Ирина Бухова.
- Ќе има нов директор на инспекторатот, во наредните 14 дена. Во моментов има селекција, бидејќи треба да има академска и професионална исполнетост на критериумите за да биде именуван нов директор. Не се работи за одложување, само за селекција на кандидат кој ќе биде именуван, одговори Ковачевски на новинарско прашање.
Претходно медиуми објавија дека таа останува и понатаму да го води Државниот санитарен и здравствен инспекторат. НаводноВладата на последната седница имала предвидено точка на дневен ред разрешување на д-р Ирина Бухова од директор и назначување на нов директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Но, точката била повлечена од предлагачот, односно премиерот Димитар Ковачески.
Слично
