БУХОВА: ДСЗИ се уште има проблеми при доставување решенија
Државниот санитарен и здравствен инспекторат се уште се соочува со проблеми при доставување на решенијата на граѓаните кои се позитивни на корона вирусот, како и на граѓаните на кои треба да им се достават решенијата по основа на контакти со лице позитивно на Ковид-19.
Ова за Фактор го потврди директорката на ДСЗИ, Ирина Бухова, која вели дека во постапка е процедура за исполнување на сите правни процедури, со цел да се создадат услови за објавување на имињата и на втората група граѓани кои не ги примире решенијата од рзани причини.
Инаку, на 26 јуни ДСЗИ јавно ги објави имињата на 138 лица кај кои во изминатиот период не беше извршена уредна достава на решенијата.
- Инспекторатот подолг период беше во постојан контакт со Агенцијата за заштита на личните податоци за да може законски да се постапи при јавното објавување на лицата на кои не можеа да им бидат издададени решенија. Сето тоа треба да биде во согласност со законските регулативи, истакна директорката Бухова за Фактор.
А.Б.