Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарското МНР со реакција: Мицкоски ја оддалечува Македонија од ЕУ

Бугарското МНР со реакција: Мицкоски ја оддалечува Македонија од ЕУ

Бугарија преку своето министерство за надворешни работи реагира дека премиерот Христијан Мицкоски ја оддалечува Макеоднија од ЕУ со неговата последна изјава дека Францускиот предлог може да се модифицира.

„На властодршците во Скопје треба да им биде јасно дека обидите за повторно преговарање на меѓународните обврски кои веќе се преземени може да доведат само до дополнително оддалечување од почетокот на преговорите за членство во ЕУ

Овој наш став нема да се промени без разлика дали ќе води привремена или редовна влада. Потсетуваме дека како резултат на непотребни провокации и конфронтации со соседните земји, Северна Македонија веќе изгуби премногу време во процесот на отворање на пристапните преговори.

Официјалната влада на Република Бугарија е легитимна влада која ги има сите прерогативи за управување со државата. Останува отворено за дијалог со Северна Македонија, а во исто време нагласуваме дека, без разлика дали се води со официјална или редовна бугарска влада, дијалогот не вклучува повторно преговарање на веќе преземените обврски од Скопје“,гласи дел од реакцијата што ја издаде бугарското МНР.

Претходно Мицкоски рече дека „Францускиот предлог“ може да добие уште еден додаток - „Француски предлог плус“.

- Ние сме соседи и треба да градиме добри добрососедски односи. Впрочем имаме и таков Договор за добрососедство кој треба да биде основа за да можеме да продолжиме понатаму. Додатоците од типот на Француски предлог можат да имаат уште еден додаток – Француски предлог плус итн.. Убеден сум дека нашиот источен сосед ако го гледа и својот интерес ќе му стане јасно дека процесот на преговори мора да почне за нас ако сакаме да имаме една целина како Балкан која ќе биде дел од Европската Унија. Убеден сум дека таму има политичари кои тоа сакаат да го видат, потенцираше Мицкоски.

Слично

Поврзани вести