Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарското МНР со реакција кон член на ВМРО-ДПМНЕ: Ширел омраза

Бугарското МНР со реакција кон член на ВМРО-ДПМНЕ: Ширел омраза

Министерството за надворешни работи на Бугарија најостро ја осудува изјавата на Драган Ѓуровски од Унијата на млади на ВМРО-ДПМНЕ, во која тој упатил, како што велат навредливи и лажни тврдења и вулгарни квалификации кон Бугарија и кон нејзиниот народ. Од бугарското МНР велат дека со тоа се насочува омраза кон нивната земја.

„Ваквите провокации се косат со сите основни европски принципи и норми на политичко однесување. Тие се симбол на стереотипите наследени во минатото, кои се спротивни на декларативните заложби на Република Северна Македонија и на нејзиното општество како желба да ги споделат европските вредности и да се приклучат на заедничкото европско семејство, стои во реакцијата.

Во својот говор, младиот член на партијата „зборува со омраза кон Бугарија“.

„Ние нема да преговараме кој е Гоце Делчев и на кого припаѓаат Илинденците. Дали заборавија на Букурешт од 1913 година, кога ги проширија своите граници на сметка на Македонија и започнаа со асимилација, денационализација и депортација … Нема да има промена во историјата по волја на татарските фашисти … Оваа одвратна бугарска рака ги удираше Македонците … Тие тврдат дека имаме заедничка историја. Секако дека имаме. Ова е неоспорен факт. Единствената заедничка историја се црвените“, рекол Ѓуровски, цитиран од БГНЕС.



Слично

Поврзани вести