Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарското МНР со предупредување до своите граѓани кои престојуваат во Македонија

Бугарското МНР со предупредување до своите граѓани кои престојуваат во Македонија

Бугарското министерство за надворешни работи ги предупреди своите граѓани да бидат повнимателни при престојот во Македонија, откако македонското МВР вчера соопшти дека е осуетен можен терористички напад на радикални поддржувачи на ИСИС.

МВР вчера објави дека на неколку локации се извршени претреси и одземени се предмети и уреди, додека еден медиум веќе објави дека се уапсени во тајност 20-тина радикални припадници.

Прес-центарот на бугарското МНР соопшти дека во Македонија во наредните денови е зголемен ризикот од терористички напади.

Слично

Поврзани вести