Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУГАРСКОТО МНР СЕ ПОВИКУВА НА НАД 88.000 ПАСОШИ: Бугарски граѓани се наследници на бегалци од Вардарска Македонија

БУГАРСКОТО МНР СЕ ПОВИКУВА НА НАД 88.000 ПАСОШИ: Бугарски граѓани се наследници на бегалци од Вардарска Македонија

Соседна Бугарија нема да ја тргне блокадата за Македонија. 

„Да не заборавиме колку бугарски граѓани се наследници на бегалци од Вардарска Македонија. Според Министерството за правда, 88.450 граѓани на Република Северна Македонија, исто така, имаат бугарско државјанство. Ниту една бугарска влада не може да ги предаде овие луѓе“, наведуваат од бугарското МНР. 

Бугарија нема да ја промени својата позиција кон Македонија во следните месеци, велат од бугарското МНР за „Труд.бг“.

„Оваа позиција е предмет на консензус на партиите и со 84 проценти поддршка во јавното мислење. Да не заборавиме колку бугарски граѓани се наследници на бегалци од Вардарска Македонија. Според Министерството за правда, 88.450 граѓани на Република Северна Македонија, исто така, имаат бугарско државјанство. Ниту една бугарска влада не може да ги предаде овие луѓе“, наведуваат од бугарското МНР.

За евентуалниот анекс кон Договорот за добрососедство, од Министерството велат дека тоа не може само по себе да ги реши отворените прашања во односите со Македонија.

„Република Северна Македонија не го спроведува Договорот за добрососедство кој во 2017 година е ратификуван од обете страни и доставен до ООН. Зошто друг потпишан документ би се спровел, немаме причина да веруваме во тоа“, се наведува во одговорот.

Германија вложи напори за да се надмине спорот меѓу двете земји, но засега нема резултати. Македонија останува во чекалната на ЕУ. 

Претседателот на државата, Стево Пендаровски синоќа во Само интервју на Канал 5 изјави дека не сака Македонија да биде рекордер во чекање за влез во ЕУ. 

Слично

Поврзани вести