Бугарското МНР проверува дали од кај нив протекла дипломатската нота за патувањето во Пампорово на семејството на Мицкоски
Бугарското МНР проверува дали од кај нив протекла дипломатската нота за патувањето во Пампорово на семејството на македонскиот премиер Христијан Мицкоски.
Бугарското Министерство за надворешни работи ги проверува сите факти околу документот, презентиран како дипломатска нота на амбасадата на Македонија во Бугарија, со која се бара обезбедување транспортен коридор до Пампорово за сопругата и синот на премиерот на Христијан Мицкоски, и „доколку е можно, полициска придружба за целиот престој на гостите“.
Бугарското министерство за надворешни работи изјави дека придава големо значење на заштитата на дипломатската кореспонденција и ги осудува сите дејствија што ги кршат строго утврдените меѓународни правила и практики во оваа област. Оттаму наведоа дека нотата што се прошири во јавниот простор се однесува на настаните од 6 јануари оваа година. И дека околностите околу случајот сè уште се разјаснуваат. Организирана е проверка за да се утврдат сите факти поврзани со обработката на нотата во рамките на министерството за надворешни работи на Бугарија.
„Инцидентите што се случија во последно време во Македонија (од кои најголем е палањето на два автомобили на бугарската амбсада) биле дел од организирана кампања на Софија“, рече Мицкоски во интервју на МТВ.
Односите меѓу Македонија и Бугарија со години се заладени.