Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарското МНР го повика на разговор шефот на амбасадата на Македонија за палењето на возилата

Бугарското МНР го повика на разговор шефот на амбасадата на Македонија за палењето на возилата

Вршителот на должноста шеф на амбасадата на Македонија во Софија денеска бил во Министерството за надворешни работи на Бугарија во врска со палењето на две бугарски дипломатски возила лоцирани пред бугарската амбасада во Скопје.

Заменик-министерот за надворешни работи Христо Полендаков нагласил дека Бугарија го осудува овој „невиден во нашите билатерални односи демонстративен чин на агресија, кој ги става во опасност и здравјето и животите на вработените во бугарската амбасада и жителите на главниот град на Северна Македонија, кои беа во близина за време на нападот. Бугарија ги зема предвид изјавите на официјалните институции во соседната земја и брзите дејствија на надлежните органи, што доведоа до апсење на сторителот. Во исто време, очекуваме ефикасна истрага и спроведување на правдата во случајот, што на категоричен начин ќе покаже дека ваквите дејствија се неприфатливи“.

Полендаков нагласил и дека спроведувањето на принципите на владеење на правото и преземањето ефикасни мерки за спречување и борба против злосторствата од омраза се клучни ако една земја сака да ја заштити својата европска иднина. И дека ќе се спротивстави на сите обиди да се всадел страв кај Бугарите во Македонија.

Амбасадата на Франција во Македонија остро го осуди вчерашниот инцидент кога беа запалени две дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје.

„Изразуваме целосна солидарност со персоналот на амбасадата на Бугарија. Ништо не може да го оправда ваквиот напад врз безбедноста на дипломатските претставништва, која мора да биде загарантирана во сите околности“, велат од амбасадата на Франција.

Полицијата вчера го уапси лицето кое ги запали возилата. Се работи за лице на возраст од 44 години од Скопје. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести