Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарското МНР го повика на консултации амбасадорот во Скопје

Бугарското МНР го повика на консултации амбасадорот во Скопје

Бугарија го повикала на консултации во главниот град својот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, соопшти тамошното Министерството за надворешни работи.

Причината за неговото привремено враќање во Бугарија, како што велат од таму, е сериозната состојба во однос на правата на Бугарите во Северна Македонија и „ескалацијата на актите и злосторствата од омраза против нив во последните месеци: подметнување пожар на Културниот клуб „Иван Михаилов“ - Битола во јуни 2022 година. три по ред напади на зградата на организацијата „Цар Борис III“ - Охрид, вклучително и пукање со огнено оружје на 24 ноември 2022 година, агресивната антибугарска кампања на социјалните мрежи во Северна Македонија, претепувањето на 19 јануари, 2023 година на Христијан Пендиков, секретар на организацијата „Цар Борис III“ во градот Охрид, како и донесување во ноември 2022 година на дискриминаторскиот Закон за фондации и здруженија во Северна Македонија“.

Целта на консултациите е да се разговара за „можностите за запирање на опасниот тренд на зголемен притисок врз граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест и за изгледите за понатамошен развој на билатералните односи“.


Слично

Поврзани вести