БУГАРСКОТО МНР ГО ДЕМАНТИРА КОВАЧЕВСКИ: „Владата во Скопје е известена за пристигнувањето на Демерџиев“
Министерството за
надворешни работи на Бугарија ја демантира изјавата на премиерот Димитар
Ковачевски дека Владата на Северна Македонија не добила порака дека денеска на
прославата на Гоце Делчев ќе присуствува бугарска делегација.
Испратени се и три вербални ноти, тврди бугарското МНР, објавува frognews.bg.
-Нашата амбасада во Скопје и официјално ги извести властите кај нашиот југозападен сосед дека официјална бугарска делегација на чело со вицепремиерот Иван Демерџиев утре ќе положи венец и ќе му оддаде почит на гробот на Гоце Делчев. Испратени се и три вербални ноти, прецизираат од МНР.
Слично
