БУГАРСКО МНР ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЉУПЧО ГЕОРГИЕВСКИ: Бугарија очекува фер судска одлука и отфрлање на неоснованите обвинувања
Софија очекува Љупчо Георгиевски од Битола да биде ослободен во процесот за „Ванчо Михајлов“.
Во исчекување на пресудата на Основниот суд во Битола за случајот на Љупчо Георгиевски, претседател на згаснатиот клуб „Ванчо Михајлов“, Mинистерството за надворешни работи на Бугарија објави соопштение во кое порачува дека овој случај за Бугарија е пресвртница за рамноправноста на Бугарите во Македонија. Бугарското МНР нагласува дека овој судски процес „е случај против еден од најпрепознатливите претставници на бугарската заедница во Северна Македонија.“
Софија наведува дека Министерството за надворешни работи внимателно го следи развојот на процесот уште од самиот почеток, пред повеќе од 2 години.
„Бугарија очекува фер судска одлука и отфрлање на неоснованите обвинувања против Љупчо Георгиевски“, велат од бугарското МНР.
Обвинението против Георгиевски го застапуваше обвинителката Оливера Нечаковска.
Таа кажа дека под превезот на наводна слобода на говор и изразување, претседателот на здружението „Иван Михајлов“ Битола и како администратор на веб страницата на овој клуб активно поттикнувал и разгорувал омраза и нетрпеливост кон припадниците на еврејската заедница во Македонија, а особено кон припадниците на македонскиот народ, чија што посебност континуирано ја негирал преку објавите.
