Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУГАРСКО МНР: Tврдат дека македонски функционери ги провоцираат и навредуваат

БУГАРСКО МНР: Tврдат дека македонски функционери ги провоцираат и навредуваат

Oд Министерството за надворешни работи(МНР) на Бугарија, велат дека партнерите се известени за провокациите.

Велат дека провокациите имаат за цел да го загрозат дијалогот.

„Во однос на повторните навредливи изјави кон Бугарија и бугарскиот народ од страна на функционери на Република Северна Македонија, ние категорично одбиваме да учествуваме во таков неевропски и несоодветен тон. Повторно нагласуваме дека развојот на добрососедските односи е клучен за европската иднина на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението на МНР.

Проблем настана откако бугарскиот претседател Румен Радев ја пречека македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова без македонско знаме. Потоа Радев тврдеше дека посетата не била официјална. 

Вицепремиерот Александар Николоски во синоќешното гостување во студиото на ТВ Алфа за Бугарија рече дека се покажала како „нецивилизиран домаќин“.

Слично

Поврзани вести