Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУГАРСКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Соопштија каква е состојбата на повредените од Кочани кои се згрижени кај нив

БУГАРСКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Соопштија каква е состојбата на повредените од Кочани кои се згрижени кај нив

Бугарските власти потврдуваат дека повредените од Кочани кои се згрижени кај нив се во тешка состојба. 

„Осумте пациенти хоспитализирани во УМБАЛСМ „Н. И. Пирогов“ се на апаратна вентилација и остануваат во Одделот за интензивна нега“, велат од бугарското Министерство за здравство. 

Тројцата пациенти се во тешка состојба – двајца од нив се на апаратна вентилација, а третиот е на кислородна терапија со назална маска.

Состојбата на пациентите во УМБАЛ „Свети Георги“ – Пловдив и понатаму е тешка, но стабилна. Тие продолжуваат да се лекуваат во интензивни услови.

Повеќе европски земји помагаат за лекување на повредените од пожарот во Кочани. Во трагедијата загинаа 59 луѓе. Денеска ќе има протести во Кочани, но и собир во Скопје. 

Слично

Поврзани вести