БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО ЗА САМО 250 ДЕНАРИ? Бугарската фондација Македонија за новата графа во изводите на родените
Бугарската
фондација Македонија има свое толкување на одлуката на македонското
Министерство за правда во изводите од матичните книги на родените да се отвори
нова графа за етничка припаднос.
Според оваа фондација, Македонците коишто сакаат да започнат процедура за вадење бугарски пасоши е доволно само во графата за етничка припадност во изводот на родените да напишат дека се Бугари и за сето тоа ќе платат само 250 денари.
„Според новиот закон можете да го обновите изводот на родените и на него пишува националност: бугарска. Сега проверуваме дали ова ќе ти даде можност сигурно да добиеш бугарско државјанство, но ако на изводот ти пишува бугарско, дефинитивно треба да добиеш бугарско државјанство врз основа на бугарско потекло и самосвест. Масовно се вадат изводи од С. Македонија, во кои е напишана националноста на Бугарин. Чини 250 денари“, објавија од Фондацијата.
Според министерот за правда, Кренар Лога, пак, со оваа измена ќе може да се докаже етничката припадност со официјален документ, а за секоја можна злоупотреба на етничката припадност во постапка на вработување по етничкиот балансер ќе може да се отворат и кривични постапки за лажно пријавување.
