Бугарските власти повикаа да нема тензии поради отворањето на македонскиот клуб
Од Министерството за надворешни работи(МНР) на Бугарија по повод отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ кое ќе се случи во недела во Благоевград, повикуваат на смиреност.
Бугарскиот заменик министер за надворешни работи, Костадин Коџабашев вели дека јавноста треба да остане потполно смирена на ваквите ситуации.
„Секоја несоодветна реакција во оваа пригода би била спротивна на политиката и интересите на Бугарија и не може да биде претставена како реакција на бугарските институции или на пошироката јавност. Јавноста да пристапи смирено на ваквите ситуации“, вели тој.Инаку, лидерите на Левица и ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Апасиев и Христијан Мицкоски веќе најавија дека ќе присуствуваат на отворањето. Премиерот Димитар Ковачевски нема да оди, и кажа дека во недела ќе биде во Скопје. Имаше перипетии околу отворањето на клубот. Општината прво го забрани отворањето, потоа се премисли, а дополнително информираа дека тоа било приватен клуб и нема да присуствуваат на отворањето.
