Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУГАРСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ ИЗГЛАСАА РЕЗОЛУЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА: Бараат земјава да ги спроведе договорените обврски

БУГАРСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ ИЗГЛАСАА РЕЗОЛУЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА: Бараат земјава да ги спроведе договорените обврски

Бугарскиот Парламент со апсолутно мнозинство одобри нова резолуција за напредокот на Македонија кон Eвропската Унија(ЕУ). 

Со апсолутно мнозинство од 194 гласови „за“, Народното собрание на Бугарија одобри резолуција за напредокот на Македонија. Како што пренесоа бугарските медиуми, немало ниту еден глас „против“ и ниту еден „воздржан“. Пратениците усвоиле и три амандмани на резолуцијата.

Во резолуцијата поднесена од Тошко Јорданов (ИТН) и група пратеници, се вели дека Бугарија останува целосно посветена на европскиот консензус од јули 2022 година и ги повикува властите во Република Северна Македонија строго да ги спроведуваат договорите што ги презедоа.

Се наведува дека институциите на ЕУ се повикани да продолжат со своите напори „за гарантирање на правата на Бугарите во Република Северна Македонија, како и на другите заедници, вклучително и нивното право да го зачуваат и развиваат своето културно и историско наследство, јазик, сеќавање на предците и идентитет“.
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема да мрдне ниту милиметар додека не види Македонци во бугарскиот Комитет за малцинства.

Слично

Поврзани вести