Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарските пратеници едногласно го ратификуваа Договорот за добрососедство

Бугарските пратеници едногласно го ратификуваа Договорот за добрососедство

Пратениците на бугарскиот парламент во две читања едногласно го ратификуваа Договорот за доброседство меѓу Република Македонија и Република Бугарија кој доби целосна поддршка од бугарската јавност и политички врв.

Договорот кој го постигнаа премиерите Заев и Борисов беше потпишан на 1 август минатата година, а потоа усвоен и од страна на владите на Македонија и Бугарија. Претходно и во Македонското Собрание Договорот за добрососедство беше ратификуван со само еден воздржан глас од страна на пратеникот Ферид Мухиќ.

Со договорот е предвидено да се почитува заедничката историја меѓу двете држави, да се слават заеднички празници и историски личности со меѓусебна согласност, а исто така ќе се формираат и комисии за утврдување на историски факти меѓу Македонија и Бугарија.

Со овој Договор за добрососедство Бугарија истакна дека се надминати сите проблеми и дека се создава силно сојузништво. Бугарија ќе биде голем пријател на Македонија и ќе придонесе во побрза интеграција во Европската унија без никакви блокади или условувања.

Слично

Поврзани вести