БУГАРСКИТЕ МЕДИУМИ ПИШУВААТ ДЕКА ЈА НАПУШТИЛ ЗЕМЈАТА: ВМА во Софија го суспендираше Ненад Цоневски кој прегази куче
Софиската ВМА го суспендираше Ненад Цоневски кој прегази куче и според медиумите тој ја напуштил земјата .
По инцидентот во Софија, во кој лекар од Македонија прегази маалско куче, денеска Воено-медицинската академија, каде што тој работи, соопшти дека до завршување на истрагата, д-р Ненад Цоневски нема да ги извршува своите службени должности.
БНТ објави дека младиот лекар, кој признал во полицијата дека го прегазил кучето со ненамерен маневар, има казни за пребрзо возење во вредност од 1.650 лева. Доколку се докаже дека намерно го прегазил кучево, виновникот може да добие до 8 години затвор.
Лекарот се исплашил од жестоките реакции на инцидентот и избегал од Бугарија, дознава порталот Lupa.bg.
Сепак, дел од македонските граѓани му дадоа поддршка и тврдат дека се работи за хуман човек кој помогнал на многу луѓе.
