Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарскиот заменик МНР: Македонија води дипломатска кампања во САД за да се изврши притисок

Бугарскиот заменик МНР: Македонија води дипломатска кампања во САД за да се изврши притисок

Петко Дојков, заменик-министерот за надворешни работи на Бугарија, за бугарската Нова ТВ вели дека инструкциите што ги добил идниот претседател на САД, Џо Бајден, за Балканот дека Бугарија ќе биде дестабилизирачки фактор во регионот се цинкања од Македонија.

На почетокот од неделата Џо Бајден ги доби првите инструкции за Балканот, а како земји од каде може да има има извори на нестабилност беа наведени Бугарија, Хрватска и Унгарија пред Комитетот за надворешни работи при Претставничкиот дом на американскиот Конгрес. Поранешниот државен секретар на САД, Медлин Олбрајт, барањата на Бугарија ги опиша како трагедија, давајќи го своето мислење за тоа како треба да работи во иднина Администрацијата на Џо Бајден и Камала Харис.

- Во врска со нашите барања, од Северна Македонија засега нема ништо и затоа нема промена во позицијата на Бугарија, рече заменик министерот за надворешни работи Петко Дојков за бугарската Нова ТВ.

Тезата во САД дека Бугарија го негира македонскиот идентитет потекнува од Северна Македонија, рече тој.

- Нашата задача е да им објасниме на сите кој е нашиот пристап. Прашањето поставено пред Комитетот за надворешни работине не е точно, вели дипломатот.

Очигледно е дека постои дипломатска кампања од Северна Македонија за да се изврши притисок, понатаму тврди тој.

- Единствено што Бугарија сака е да го исполни договорот од 2017 година и ништо повеќе. Нема притисок за промена на идентитетот и другите тврдења. Ставот на Бугарија останува дека Западен Балкан треба да се приклучи на ЕУ, додава Дојков.


Слично

Поврзани вести