Бугарскиот спикер ќе се сретне со Талат Џафери во Скопје
Продолжува трендот на средби меѓу македонски и бугарски политичари, па откако рундата на средби ја завршија претставниците на извршната власт, на ред е и законодавната.
Затоа претседателот на 44. Народно собрание на Република Бугарија Димитар Главчев денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија.
Главчев во рамки на посетата ќе има средба со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери.
Средбата се остварува откако Македонија и Бугарија постигнаа договор за добрососедство и соработка кој беше изгласан во народните собранија на двете земји.
Слично
