БУГАРСКИОТ ШЕФ НА ДИПЛОМАТИЈАТА: Македонија има проблем со Брисел, а не со Софија
Македонија има проблем со Брисел, а не со Софија, вели бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев.
Бугарија останува исклучително доследна во својата политика кон Западен Балкан и европската интеграција на сите земји во регионот.
„Во 2022 година беше постигнат европски консензус (францускиот предлог), кој строго ќе се следи. Секоја земја мора да ги почитува критериумите, да се придржува до нив. Европското членство се заснова на сопствените заслуги“, рекол тој.
Македонија не почна преговори со ЕУ, поради тоа што не направи уставни измени, односно не ги внесе Бугарите во Уставот. Aлбанија ги почна преговорите со ЕУ.
Слично
