Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарскиот претседател Радев: Поддршката за Македонија не е безусловна

Бугарскиот претседател Радев: Поддршката за Македонија не е безусловна

Со Mакедонија има незавршена работа за учебниците, книгите, медиумите, тоа се работи кои не оддалечуваат, рекол Румен Радев, претседател на Бугарија на средба со амасадорите и постојаните претставници на Бугарија во странство во Софија. Тој најавил дека во септември во Софија најверојатно доаѓа македонскиот претседател Стево Пендаровски, за што смета дека ќе е можност за плодни разгоори на оваа тема. Сепак Радев бил категоричен дека Бугарија не дава безусловна поддршка за евроинтеграциите на Македонија. Зборувал и за црвени линии.

„Мораме да бидеме искрени и јасни и да ги поставиме нашите црвени линии. Потпишаниот Договор за добрососедство практично ја отклучи вратата на Северна Македонија кон НАТО и ЕУ. Бугарија мора да биде и е државата која најмногу ја поддржува Северна Македонија, тоа е наша должност кон нашите браќа таму, но јасно е дека поддршката не е безусловна и безрезервна. Треба да бидеме искрени и јасно да ги ставиме нашите црвени линии“, вели Радев.

Слично

Поврзани вести