Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарскиот премиер Петков сепак доаѓа во земјава идната недела

Бугарскиот премиер Петков сепак доаѓа во земјава идната недела

Бугарскиот премиер Кирил Петков идната недела сепак доаѓа во Скопје. 

Од Министерството за надворешни работи(МНР) информираат дека посетата ќе се реализира во вторник, 18 јануари, како што и првично беше најавено. Дотогаш се очекува да заврши изолацијата на Петков.

„Одлуките на здравствените власти на Република Бугарија за самоизолација на дел од владиниот кабинет на премиерот Кирил Петков, нема да ја променат претходно договорената рамка за посетата на високата бугарска владина делегација на Скопје“, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.

Петков, кој се наоѓа во изолација поради контакт со лице заболено од Ковид-19, во видео обраќање, најави дека бугарската Влада ќе почне да работи на имплементација на програмата во различни области, додавајќи дека „во центарот на неговите напори ќе бидат правата на Бугарите во Македонија“.

Слично

Поврзани вести