Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарскиот премиер Јанев вели дека имаме заедничко минато, но и иднина

Бугарскиот премиер Јанев вели дека имаме  заедничко минато, но и иднина

Бугарскиот премиер Стефан Јанев вели дека Македонија и Бугарија имаат заедничко минато и заедничка иднина. 

Вели дека тие ја поддржуваат нашата земја, но мора да ги бранат своите национални интереси, алудирајќи на бугарско малцинство во земјава.  Јанев рече дека Бугарија е заинтересирани да се грижи за македонските граѓани кои имаат бугарско чувство и кои се идентификуваат како лица со бугарско потекло. 

Слична изјава имаше и екс бугарскиот премиер Бојко Борисов. 

„Бугарија нема да преговара со Македонија додека бугарското малцинство во таа земја не влезе во Уставот“, најави поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов.

Со месеци Бугарија ја заговара оваа тема, односно мисли на Македонците кои поседуваат бугарски пасоши. 

Македонската Влада реагираше дека изјавите кои доаѓаат од Бугарија, граѓаните не ги сметаа за пријателски. 

Слично

Поврзани вести